Уругвајскиот селектор Оскар Табарес го призна синоќешниот пораз од Колумбија, а за двојниот стрелец Џејмс Родригез рече дека е најдобар фудбалер на Мундијалот.
– По се што прикажа можам да кажам дека во овој момент е најдобар фудбалер на првенството. Знаевме дека Колумбија има добар состав, ние бевме ослабени без Суарез. Направивме неколку грешки и бевме казнети. Тие го имаа расположениот Родригез кој ја направи разликата, рече Табарес.
Тој го пофали и голманот на Колумбија.
– Оспина не спречи да постигнеме гол во неколку наврати. Не ни дозволи да се вратиме резултатски. Бранеше спектакуларно, потенцира уругвајскиот селектор и додаде дека неговите избраници дадоа се од себе, но не успеале да реализираат.
Колумбија синоќа со 2:0 го победи Уругвај за четвртфинале и историски најдобар пласман на Светските првенства.