Репрезентацијата на Бразил прв патник во четвртфиналето на Мундијалот откако во осминафиналната пресметка во Бело Хоризонте по изведувањето на ударите од белата точка славеа против Чиле.
Претходно, во регуларниот дел и по продолженијата натпреварот заврши 1:1.
Бразил дојде до водство во 18. минута со голот на Давид Луиз, а Чилеанците израмнија во 32. минута преку Санчез.
Кај Бразилците не реализираа Вилијан и Хулк, а кај Чиле неуспешни беа Пиниља и Санчез во првите четири серии. Откако Нејмар во петтата серија погоди, Јара го погоди дирекот за делириум на трибините.