Германскиот репрезентативен голман Мануел Ноер рече дека евентуалното нивно освојување на титулата во Бразил најмногу зависи од неговиот соиграч Томас Милер.
– Милер игра на високо ниво. Нашата игра многу зависи од него и се надевам дека ќе биде уште подобар во вториот дел од турнирот. На претходните две полуфиналиња на Европското и на Светското првенство не беше стрелец и загубивме на двата натпревара. Верувам дека сега ќе биде поуспешен, рече Ноер.
Милер на досегашните три натпревари постигна четири голови и се наоѓа на делба на првата позиција на листата на стрелците заедно со Лионел Меси и Нејмар.
Германија в понеделник во Порто Алегре во осминафиналето ќе игра против Алжир.