Денеска почна светиот месец за муслиманите, Рамазан, во кој се задолжителни постите.
Најмногу проблеми би можело да има селекцијата на Алжир бидејќи сите нејзини играчи се муслимани.
Тоа може да влијае и на некои европски селекции како Франција, Германија и Швајцарија кои имаат барем по еден играч со муслиманска вероисповест исто како и Нигерија.
Со оглед на тешките временски услвои во Бразил оние играчи кои се придржуваат на овој пост тешко ќе може да ги исполнат задачите.
Еден од играчите кој е исламска вероисповест е германецот Месут Озил кој изјави:
„Напорно работам и ќе продолжам така. Поради тоа нема да постам за Рамазан. Не е можно тоа да го испочитувам оваа година “, рече Озил.