Поминаа два дена од ригорозната казна што ФИФА му ја изрече на Луис Суарез за инцидентот со Џорџо Кјелини, а се уште не стивнуваат реакциите за овој случај. Во најновата изјава на уругвајскиот репрезентативец што ја пренесоа бразилските медиуми, тој тврди дека ништо не направил намерно.
– Имав контакт со Кјелини по што ја загубив рамнотежата и паднав врз противникот. Во тој момент со лицето удрив на неговото рамо. Почувствував силна болка во пределот на устата и ми остана модринка, тврди Суарез.
За разлика од него ФИФА смета дека инцидентот е намерно предизвикан и е непримерен за спортските натпревари.
– Нема шанси да се случи такво нешто така како што вели Суарез. Се гледа дека тој намерно го гризна противникот, стои во реакцијата на Светската фудбалска федерација – ФИФА.