СДСМ: Од денеска Груевски е амнестирано, аболирано и помилувано лице

Од:

Јавниот обвинител, Марко Зврлевски, оправдувајќи се со застареност, призна кривично дело во случајот милионски поткуп во којшто е инволвиран Никола Груевски.

Скандалозна и срамна е одлуката на Зврлевски, со којашто обвинителот се постави во улога на адвокат на Груевски, наместо да постапи по неговата законска обврска за заштита на интересите на граѓаните на Македонија.

Од денеска Груевски е амнестирано, аболирано и помилувано лице, реагираат од СДСМ по одлуката на обвинителот да не покренува постапка за случајот „Македонска банка“.

-Хаотичното соопштение на Основното јавно обвинителство ја покажува тоталната контрола на Никола Груевски врз судството и е класичен доказ дека во Македонија нема држава туку се е партија.

Самиот факт што во образложението се наведува дека трансформацијата на капиталот на Македонска банка завршил во јануари 2004-та година, потврдува дека обвинителството се впуштило во истрага, за на крајот да ја отфрли кривичната пријава.

Членовите 279, став 2 и 107 став 1 точка 2 од Кривичниот законик предвидуваат дека даночното затајување од овој обем застарува за 20 години.

Јавниот обвинител Зврлевски сервилно одлучи да му служи на оној кој го постави на позицијата и кој може да го разреши, Никола Груевски.

Тоа го направи затскривајќи се зад соопштение на Основното јавно обвинителство, испратено во петок попладне, наместо со јавна отчетност пред граѓаните на Република Македонија. Се работи за мега скандал со договорен кеш од 1.500.000 евра од страна на Никола Груевски.

СДСМ, веднаш штом го добие решението на Основното јавно обвинителство детално ќе се произнесе за случајот, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите