Илјадници навивачи го дочекаа Луис Суарез на аеродромот во Монтевидео, откако ФИФА го исфрли Мундијалот.
Дисциплинската комисија на ФИФА го казни Суарез со девет натпревари суспензија и четири месеци надвор од фудбалот поради тоа што на мечот против Италија го изгриза Џорџо Киелини.
Тој ќе мора да плати и парична казна од 100.000 швајцарски франци.
Суарез во Монтевидео пристигна со приватен авион во кој се наоѓаа и членови на неговото семејство. На аеродромот беше видливо засилено полициско присуство, бидејќи Суарез се обиде да го пречека и претседателот на Уругвај Хозе Мухика.
Меѓутоа авионот доцнел неколку часа, и Суарез не се сретнал со претседателот, туку по посебен пат стигнал дома.