Имплементација на проектот за воведување добри земјоделски пракси

Од:

Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството, Федерацијата на фармерите на Република Македонија и „Даталаб“ денеска ќе потпишат Меморандум за соработка за реализација на проектот за воведување добри земјоделски пракси – компонента сметководство на фарма и евиденција на агротехнички мерки, преку информатичко-комуникациски технологии.

Со потпишувањето на овој Меморандум ќе се овозможи вклучување на дополнителни 100 фарми во примерокот на фармери кои ќе користат модерни информатичко-комуникациски технологии за потребите на водење на сметководство на фарма и евиденција на агротехнички мерки.

Преку овој проект се воспоставува платформа во неколку земји од ЕУ, која треба да обединува клучни апликации, технологии и услуги, софтверски и мобилни апликации за менаџирање на фарма.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници