Уругвај се заканува со напуштање на Мундијалот

Од:

Фудбалскиот сојуз на Уругвај размислува да го бојкотира натпреварот против Колумбија од 1/8 финалето на Светското првенство, поради казната на нивниот репрезентативец Луис Суарез.

Веднаш по инцидентот со гризнувањето на Џорџо Кјелини, Уругвајците застанаа во одбрана на Суарез, тврдејќи дека се работи за местенка од европските противници во групата Англија и Италија.

– Целата земја му дава поддршка на Суарез. Тој е жртва на монтирани и обработени фотографии од нашите противници во групата кои сакаат да ни се одмаздат за нивната елиминација. Едвај дочекаа шанса да не обвинат, соопштуваат од таборот на уругвајската репрезентација.

Сепак притисоците не помогнаа ФИФА да му прогледа низ прсти на уругвајскиот напаѓач и денеска му изрече казан од четиримесечна суспензија од секакви фудбалски активности и забрана за настап на девет репрезентативни натпревари.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска