Груевски: По 35 години набавка на нови возови

Од:

За една година се очекуваат новите гарнитури за превоз на патници во железничкиот сообраќај, за кои Владата на РМ во Скопје потпиша договор со кинеската корпорација CSR, еден од најголемите производители на возови во светот.

Премиерот Никола Груевски денеска во Велес соопшти дека согласно со договорот, CSR веднаш ќе почне производството и оти би требало за една година да се донесат и пуштат во употреба новите гарнитури за патнички возови.

– Во оваа област не се инвестирало и 35 години не се купиле патнички вагови и локомотиви. Првпат по 35 години се инвестираат околу 25 милиони евра. Четири се дизел и две се електро локомотиви и со нивната набавка ќе се замени 60 отсто од постоечките вагони и локомотиви во патничкиот сообраќај. Вагоните ќе бидат климатизирани, со вакуумирани тоалети, со добра топлотна изолација, и за зимски и за летни месеци, ќе бидат модерни, современи, удобни. Нешто што во овој момент го нема Македонија, а можеме да го почувствуваме само кога патуваме во побогатите европски држави, рече Груевски.

Дополнително, со 15 милиони евра почна набавка и на товарни вагони, а со уште 10 милиони евра ќе се оспособат гарнитурите на постоечките возови, така што вкупната инвестиција за обнова на целиот возен парк на „МЖ Транспорт“ а.д. е 50 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски