Штипскиот универзитет потпиша договор со МАНУ

Од:

Ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, Саша Митрев и претседателот на МАНУ, Владо Камбовски денеска потпишаа договор за соработка. Митрев вели дека целокупниот потенцијал на универзитетот ќе биде искористен за да оваа соработка за научно истражвачка дејност биде успешна.

– Значи ќе соработуваме пред се во делот на науката, затоа што универзитетот „Гоце Делчев“ има многу научни единици, кои што можат да се стават во функција на проекти, кои што Македонската академија на науките и уметностите има свои проекти кои течат, а за кои треба и материјална база, каде би се одвивале. Ние како универзитет може да ги понудиме нашите капацитети, лабаратории, центри кои постојат за извршување на вакви научно-истражувачки проекти, вели Митрев.

Академик Камбовски истакна дека потпишувањето на договорт значи и институционализација на односите меѓу Штипскиот универзитет и МАНУ.

– Во изминатите осум години Штипскиот универзитет покажа еден извонреден напредок, достигна и до рамништето да формира здрави и перспективни научни единици, кои можат да се зафатат со сериозни проекти, кои што се насушна потреба за нашето општество, во стопанството, образованието и воопшто, рече Камбовски.

Тој забележува дека оваа соработка оди во насока и на заеднички проекти и за стопанството, а тројството меѓу универизитетите, МАНУ, Владата и стопанството мора да се воспостави, со цел да се равива и научно-истражувачката дејност

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски