Поранешниот фински претседател и добитник на Нобелова награда за мир, Марти Ахтисари, ќе биде советник во меѓународната истрага за воени злосторства извршени во Шри Ланка.
– Ахтисари ќе биде еден од трите меѓународни експерти кои ќе му помогнат на 12-члениот тим за истрага, изјави Нави Пилај, восок комесар на ОН за човекови права.
ОН сметаат дека можеби и до 40.000 тамилски цивили загинале во последните месеци од офанзивата против Тамилските тигри во 2009 година и ги обвинуваат владините сили на Шри Ланка за голем број злосторства.