Хондурас е петтиот учесник на Светското првенство во Бразил кој остана без селектор по одигрувањето на натпреварите во групната фаза.
По третиот пораз во исто толку натпревари во Е групата и само еден постигнат и осум примени голови селекторот Луис Фернандо Суарез реши да си поднесе оставка од функцијата.
Покрај 54-годишниот селектор на Хондурас, селекторските места изминатите два дена ги напуштија и Чезаре Прандели (Италија), Сабри Ламуши (Брегот на Слоновата коска), Алберто Закерони (Јапонија) и Карлос Кирош (Иран).