Ниска излезност и инциденти на парламентарните избори во Либија

Од:

Околу 630.000 Либијци денеска гласаа на парламентарните избори во земјата, соопштија светските агенции, цитирајќи ја Врховната изборна комисија.

Изборите беа одбележани со насилство, главно во Бенгази, каде тројца војници беа убиени при судир со исламистичка група, посочуваат француските медиуми.

Непознати лица со качулки на главите и облечени во воени униформи упаднале во домот на локална адвокатка и активистка во Бенгази и ја убиле со огнено оружје, посочи припадник на безбедносната служба, кој посакал анонимност.

Жртвата е либерална феминистка, која во 2011 година активно учествувала во револуцијата, што доведе до падот на режимот на Моамер Гадафи, и подоцна била вицепретседател на Комитетот за подготовка на националниот дијалог во Либија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски