Израелскиот претседател Шимон Перес, во рамки на официјалната посета на САД, разговараше со американскиот претседател Барак Обама, изразувајќи сомнеж за способноста на Ирак за зачувување на единството.
– Најдобро сценарио би било, ако Ирак остане единствена држава, но се прашувам дали е тоа можно, изјави Перес по разговор со Обама во Белата куќа.
Перес, меѓу другото, повторно стави акцент на загриженоста на Израел во однос на напорите на Вашингтон за постигнување на договор за иранското нуклеарно прашање.