Џердан Шаќири постигна хет-трик (6, 31 и 71.минута) за победа на Швајцарија со 3:0 против Хондурас, вредна осминафинале за репрезентацијата од Европа.
Конкурентот на Швајцарците за пласман во следната фаза од СП, репрезентацијата на Еквадор одигра само 0:0 со Франција и е елиминиран по групната фаза.
Со овие резултати од 3.коло во групата Е, на првото место заврши Франција со освоени 7 бодови. Швајцарија е втора со 6 бода, Еквадор на третата позиција собра 4 бодови, додека Хондурас е последен без освоен бод.
Според тоа во 1/8финалето на 30 јуни во Бразилија ќе играат Франција и Нигерија, а на 1 јули во Сао Пауло Аргентина – Швајцарија.