Селекциите на Босна и Херцеговина и Иран во рамките од последното коло во групата ,,Ф’’ одиграа 3:1, за солидно опростување од Мундијалот на Змаевите.
И покрај добриот и квалитетен натпревар овие две селекции не успеаа да продолжат во 1/8 финалната фаза.
Босанците своето водство на овој натпревар го имаа во 23-та минута со одличниот шут на Џеко по земја, откако Пјаниќ одлично му ја додаде топката. Миралем Пјаниќ и самиот погоди во вториот дел, во 59-та минута за водство на Босна од 2:0.
Реза Гочанежад во 82-та минута погоди за тимот на Иран и донесе искра надеж кај својот тим, но веќе во наредниот напад Босна повторно зголеми на 3:1. Стрелец на погодокот беше Авдија Вршајевиќ.
[table caption=”Табела група ,,Ф’’” width=”300″ colwidth=”20|100|50″ colalign=”left|left|center|right”]
Бр., Држава, Поени
1, Аргентина, 9
2, Нигерија, 4
3, Босна и Херцеговина, 3
4, Иран, 1
[/table]