Пристигнуваат три милиони евра за фудбалерите на Гана

Од:

Владата на Гана соопшти дека со специјален авион за Бразил испратила три милиони евра, ветена премија за своите фудбалери. Парите се испратени веднаш поради барањето на репрезентативците веднаш да си ги добијат ветените средства заработени со досегашните резултати.

– На играчите не им се исплатени ветените награди за учеството на Мундијалот, изјавија од Фудбалската асоцијација на Гана (ГФА) и потенцираа дека претседателот на таа земја Џон Драмани Махама лично ги уверил фудбалерите дека ќе си го добијат заработеното.

Гана се уште има шанси за пласман во 1/8 финалето, а тоа ќе се случи со евентуална победа над Португалија во последното коло, но ќе зависи и од резултатот на средбата САД – Германија, две селекции на кои им одговара нерешен исход на нивниот меѓусебен дуел.

Репрезентацијата на Гана беше погодена од аферата објавена од „Дејли телеграф“ на почетокот на оваа недела, а се однесуваше на инволвирањето на претседателот на (ГФА) во местење натпревари.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска