СП 2014: Уште една селекторска оставка

Од:

Селекторот на Брегот на Слоновата коска, Сабри Ламуши е вториот што си поднесе оставка од функцијата за време на Светското првенство во Бразил.

Францускиот стручњак одлучи да си замине од селекторското место по несреќната елиминација во групната фаза синоќа од Грција со гол примен од пенал во последните секунди од натпреварот.

– Многу сум разочаран. Ова беше одлучувачки натпревар. Бевме многу блиску до целта. Не делеа секунди. Но, се случи тоа што не го посакувавме. Се се сруши во мигот кога го примивме голот. А многу работевме, се жртвувавме. Сега сме тажни, изјави Ламуши.

Тој за предводник на „Слоновите“ беше назначен во мај 2012 година.

Пред Ламуши оставка од селекторската функција поднесе и Италијанецот Чезаре Прандели.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска