Фудбалерот на јапонската репрезентација Кеисуке Хонда денеска им се извини на навивачите за раната елиминација на Мундијалот во Бразил.
Јапонија синоќа загуби од Колумбија со 4:1 и тоа беше трет пораз во исто толку натпревари во Ц групата.
– Разочарани сме ама ова е нашата реалност. Пред почетокот на шампионатот реков дека можеме да го освоиме, но на теренот се покажа дека сме далеку од такво нешто. Следува период на анализа на прикажаното, рече Хонда.
Јапонија третпат во своите пет мундијалски учества настапите ги завршува уште во првиот круг.