Репрезентациите на Колумбија и на Грција ја поминаа групната фаза и се пласираа во 1/8финалето на Мундијалот во Бразил.
Колумбија синоќа со 4:1 ја победи Јапонија и како првопласирана од групата Ц во осминафиналето ќе игра со вториот од Д групата, а тоа е Уругвај.
Колумбијците се втора репрезентација која со максимални три победи ја завршува групната фаза. Претходно до таков ефект стигна Холандија, а шанса за трети победи во групната фаза имаат и Франција, Аргентина и Белгија.
Со гол по последните секунди на дуелот против Брегот на Слоновата коска, репрезентацијата на Грција славеше победа со 2:1, доволно за пласман во следната фаза. Противник на Грците во 1/8финалето ќе им биде селекцијата на Костарика.
Конечна табела во Ц групата: Колумбија 9 бодови, Грција 4, БСК 3 и Јапонија 1.