Раководството на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром информира дека словенечкиот стручњак Змаго Сагадин ќе биде новиот предводник на македонскиот шампион во наредните две сезони.
61-годишниот Сагадин се смета за најуспешен словенечки тренер со 25 освоени титули на домашно и на интернационално ниво, а девет пати беше избран и за тренер на годината во Словенија.
Во својата кариера Змаго Сагадин бил тренер на Цеље, Марибор, Унион Олимпија, Сплит, Црвена звезда, Литвос Ритас, Анвил, Задар. Од 1992 до 1995 година беше и селектор на репрезентацијата на Словенија.
Во МЗТ Скопје Аеродром доаѓа од екипата на Хелиос со која минатата сезона го освои третото место.