Самарас ја однесе Грција во осминафинале

Од:

Грција со гол од пенал на Андонис Самарас во 93 минута оствари победа од 2:1 над Брегот на Слоновата Коска и со тоа се пласира во осминафиналет од светското првенство.

Грците први дојдоа до предност преку Самарис. Потоа Бони го постигна толку посакуваниот погодок за „Слоновите“ за 1:1.

Во финишот Самарас најпрвин искусно изнуди пенал, потоа самиот беше прецизен од белата точка и овозможи историски успех – Грција за прв пат во историјата ќе игра во едно мундијалско осминафинале.

Оваа селекција има шанси за уште поголем успех, со оглед на фактот дека ривал во следната рунда ќе и биде селекцијата на Костарика, сигурно најпосакуваниот противник од сите оние што досега обезбедија пласман во следната фаза.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска