Турција денеска евакуира 420 свои државјани од Либија по обвинувањата на поранешниот генерал Халиф Хафтара дека Анкара ги поддржува неговите исламистички противници.
Портпаролот на аеродромот Мохамед Исмаил изјави дека првиот авион со турски државјани одлетал од Мисрата со специјален лет на „Туркиш ерлајнз“.
Поголемиот број евакуирани Турци работеле во централата во Сирт, каде е соборен и убиен либискиот лидер Моамер ел Гадафи.
Според либиските медиуми Турција се подготвува да евакуира уште 150 работници од турските градежни компании.
Хафтар објави војна на ексетремистите и во Бенгази спроведува антитерористичка операција. Происламистичката централна власт во Либија неговата операција ја оценуваат за обид за преврат.
Хафтар ги обвинува Анкара и Доха дека ги поддржуваат некогашните бунтовнички исламистички групи.