Италија го завршува својот настап на Светското првенство во Бразил откако попладнево загубија од Уругвај со 1:0.
Иако и еден бод им беше доволен на Италијаните да стигнат до пласман во осминафиналето, „Аѕурите“ премногу тактизираа и на крајот беа казнети со погодокот на Диего Годин во 83. минута.
Во 58. минута Маркизио доби престрог директен црвен картон по еден старт врз Риос.
Уругвај е втората селекција, покрај Костарика, од групата Ц што ги продолжува настапите на овој шампионат.