ЛеБрон Џејмс го извести Мајами дека одлучи да стане слободен агент од 1. јули!
Џејмс го искористи правото да излезе од договорот и сега ќе може да одбере која сака екипа и да премине.
„Кралот“ Леброн во Мајами пристигна пред четири години, играше со „Хит“ во четири НБА финалиња и освои две титули. Во неодамна завршената финална серија Мајами е поразен од Сан Антонио Спарс со 4-1 во победи.
Но, меѓутоа, ова не значи дека Џејмс и дефинитивно ќе го напушти тимот од Флорида ова лето.