На Светското првенство во Бразил вечерва ќе се одиграат натпреварите од последното коло во групите Ц и Д по кое ќе бидат познати уште две осминафинални двојки.
Од 18 часот ќе започнат дуелите во Д групата од која Костарика е сигурен осминафиналист, а за другото место ќе се борат Италија и Уругвај. Англија е без шанси за пласман во следниот круг.
Двојки за 3.коло во Д групата: Италија – Уругвај (играат во Натал) и Костарика – Англија (Бело Хоризонте).
Табела: Костарика 6 бодови, Италија 3, Уругвај 3, Англија 0.
На Италија поради подобрата гол-разлика од Уругвај и одговара и нерешен резултат.
Разврската во Ц групта ќе се случи по двата натпревара од 3.коло што стартуваат во 22 часот: Јапонија – Колумбија (играат во Куиаба) и Грција – Брегот на Слоновата коска (Форталеза).
Табела Ц група: Колумбија 6 бода, БСК 3, Јапонија 1, Грција 1.
Од оваа група сигурен 1/8финалист е Колумбија, Јапонија има само теоретски шанси, на Грција и треба победа, додека Брегот на Слоновата коска и со нерешено оди понатаму.