Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Луис Фелипе Сколари задоволен од постигнатото на неговите избраници посебно се осврна на играта на Нејмар и на Давид Луиз.
– Луиз е многу важен за нашата одбрана. Таков играч влева сигурност и на останатите им е полесно кога знаат дека тој е покрај нив. А што се однесува до Нејмар, тој за нас е исто што е Меси за Аргентина. Ни зависиме од него. Нејмар ја прави разликата меѓу нас и противничките репрезентации, истакна Сколари.
За противникот во 1/8финалето бразилскиот селектор вели дека може да биде многу непријатен.
– Кога би можел да одбирам, би се одлучил за друг противник. Дуелите со јужноамериканските претставници често пати се многу тешки. Иако за Чиле се сметаше дека нема да ја помине групата, сепак тие покажаа дека имаат квалитет, нагласи Сколари.