СП 2014: Познати првите осминафинални двојки

Од:

На дванаесеттиот ден од Светското фудбалско првенство формирани се првите два осминафинални парови. Домаќинот Бразил во следната фаза ќе игра со Чиле, а Холандија за противник ќе го има Мексико.

Ова е епилогот по завршувањето на трите кола во А групата од која Мундијалот го напуштаат Хрватска и Камерун.

Резултати на синоќешните натпревари од последното коло во А групата: Хрватска – Мексико 1:3 и Бразил – Камерун 4:1.

Табела А група: Бразил 7 бодови , Мексико 7, Хрватска 3, Камерун 0.

Бразил поради подобрата гол-разлика го освои првото место и за противник ја доби второпласираната репрезентација од Б групата, а Мексиканците како втори ќе играат со холандската селекција која заврши прва во Б групата.

Дуелот Бразил – Чиле ќе се одигра на 28 јуни во Бело Хоризонте од 18 часот. Истиот ден од 22 часот во Рио де Жанеиро за четвртфинале ќе се борат Холандија и Мексико.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска