Средба Груевски – Заев

Од:

Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев се очекува денеска да се сретнат откако опозициските пратеници поднесоа оставки на функциите и не учествуваат во работата на Собранието по предвремените парламентарни избори што се одржаа на 27 април годинава.

– Очекувам да почнат разговори со коишто СДСМ кога ќе завршат разговорите ќе престане да и прави штета на Република Македонија и на сите граѓани во неа, изјави Груевски одговарајќи на новинарско прашање на вчерашната прес-конференција.

Груевски на годишнината на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека на политичката сцена мора да се закопаат секирите и да се намали јазот помеѓу политичките конкуренти оти е подготвен да и подаде рака на СДСМ за да престане деструктивното однесување за државата и за граѓаните.

– Јас сум спремен да им понудам пакет кој ќе ги адресира сите нивни грешки исто како што го прифативме на нивно барање она понижувачко обележување со мастило само за да се уверат дека нивниот неуспех не лежи во тоа. Единствено што барам од нив е да престанат со ова деструктивно однесување за државата и за сите граѓани во неа, рече премиерот. Неколку дена подоцна тој му понуди средба на Заев.

Лидерот на опозициската партија ја прифати понудата и на прес-конференција ги повтори барањата за формирање техничка влада што ќе спроведе слободни, фер и демократски избори, одвојување на партијата од државата, регулација на медиумите и правична застапеност на опозицијата на јавниот сервис МРТВ и на останатите медиуми, допрецизирања во изборното законодавство и прецизирање на Избирачкиот список и спроведување попис.

СДСМ, која не ги призна изборите, според него нема да се врати во Собранието.

Одговарајќи на новинарско прашање Груевски вчера рече дека не смета дека техничка влада е решение за излез од оваа ситуација.

На предвремените парламентарни избори во Македонија што се одржаа на 27 април, владејачката ВМРО-ДПМНЕ имаше предност од околу 200.000 гласови повеќе СДСМ, која е во опозиција од 2006 година.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија