Репрезентацијата на Холандија со 2:0 го победи Чиле и го освои првото место во групата Б, на Светското фудбалско првенство во Бразил.
На средбата одиграна попладнево на „Коринтианс„ арената во Сао Паоло, а во рамките од последното 3.коло на оваа група Холандија до третата победа стигна со головите на Лерој Фер во 77-минута и Мемфис Депај во последната минута.
Кои ќе бидат противниците на Холандија и Чиле во осминафиналната рунда ќе биде познато доцна вечерва откако од 22 часот ќе започнат двата натпревари од групата А.
Во нив, домаќинот Бразил за противник ќе го има Камерун кој ги загуби шансите за место меѓу шеснаесетте најдобри, додека во вториот меч на Хрватска и е потребна победа во дуелот против Мексико, кому и нерешен резултат му носи пласман во осминафиналето.