Португалската репрезентација ноќеска одигра само 2:2 против САД и се најде во незавидна ситуација околу пласманот во следната фаза. Загриженост за таквиот развој на настаните искажа селекторот Пауло Бенто.
– Со голот во последните секунди останавме во игра за осминафиналето, но сега се наоѓаме во многу компликувана ситуација. Како и да е ќе се обидеме да ги искористиме сите опции кои ни се на располагање, а малку се такви, истакна португалскиот селектор.
Бенто додаде дека против САД добро почнале, за подоцна неговите избраници да бидат надиграни од Американците. Како една од причините тој ги наведува тешките услови алудирајќи на климата во Бразил.
За да оди во следната фаза Португалија ќе треба да ја победи Гана со убедлив резултат, а САД да загубат од Германија.