Играчот на Камерун Александре Сонг од Дисциплинската комисија на ФИФА доби забрана за настап на три натпревари за репрезентацијата поради исклучувањето на средбата со Хрватска.
Сонг на тој натпревар во финишот на првото полувреме го удри напаѓачот на „коцкестите“ Марио Манџукиќ и заработи црвен картон.
Со оглед на тоа што Камерун нема шанси за пласман во осминафиналето, за Сонг е завршен Мундијалот.
Членот на Барселона нема да игра во 3.коло против домаќинот Бразил, а ќе паузира и на првите две средби што неговата репрезентација ќе ги одигра по Светското првенство.