Фотографот Џон Спајс поминал една недела сликајќи ја најголемата пештера на светот Сон Донг.
Пештерата се наоѓа во националниот парк Фонг На Ке Банг во Виетнам.
Долга е околу девет километри, широка и до 200 метри, а висината на таванот во одделни делови е повеќе од 200 метри.
Од 2009-та година важи за најголема пештера на светот.
Откриена е во 1991. година од Хо Кан, но дури 18 години подоцна стана светски позната, кога ја истражувале британски научници, предводени од Хауард Лимберт.
Локалните жители долго се плашеле да влезат во неа поради звуците кои излегувале од пештерата, незнаејќи дека станува збор за река.
Во пештерата има посебна клима и во неа живеат бројни билки и животински видови.
Од минатата година таа е отворена за туристички посети.