Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ги загуби шансите за пласман во следната фаза од Мундијалот, откако ноќеска беше поразена од Нигерија со 1:0Стрелец на победничкиот погодок за африканскиот претставник беше Питер Одемвинге во 29.минута.
На овој дуел Босанците беа оштетени, бидејќи во 21. минута им беше поништен чист гол кога на Един Џеко му беше досуден „офсајд“ иако тој не беше во недозволена позиција.
За Босна и Херцеговина ова беше втор пораз во вториот настап на СП. Последниот дуел за нив нема да значи ништо од аспект на пласман во осминафиналето, но за противникот Иран може да биде пресуден во случај на висока победа и пораз на Нигерија од Аргентина.
Аргентинците со две победи се лидери во Ф групата. Нигерија има 4 бодови, Иран 1 и БиХ 0.
Синоќа се одигра првиот натпревар од 2. коло и во Г групата. Германија и Гана одиграа 2:2.
Табела Г група: Германија 4 бодови (2 натпревари), САД 3 (1), Гана 2 (2) и Португалија 0 (1).