Најголемото изненадување на досегашниот тек на Светското превснтво е селекцијата на Костарика, која во „групата на шампионите“ веќе постигна две победи и обезбеди пласман во осминафиналето независно од дуелот во 3. коло во групата Д со Англија.
Селекторот на Костарика Хорхе Луис Пинто по триумфот над Италија (1:0) рече дека одиграле прекрасен натпревар. – Народот во Костарика го заслужи ова. Постојано е со селекцијата. Победата е подарок за нив, изјави Пинто.
За Костарика ова ќе биде вторпат да ја мине групната фаза. Победата над Италија покрај пласманот во следната фаза за Костарика означи и крај за надежите за Англија дека може да се пласира во осминафиналето. За вториот осминафиналист во директен дуел ќе решат во последното коло Италија и Уругвај.