Иванов до Обама: Слободниот свет, одбива да живее во страв од злото на денешницата

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, по повод годишнината од нападите на 11 септември 2001 година, упати писмо до претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама.

„Одбележувајќи ја 11-годишнината од терористичките напади од 11 септември 2001 година кои ја потресоа Вашата голема нација, но и сите слободољубиви нации низ светот, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од свое име, да ја изразам нашата тага и жал за големите човечки загуби кои ги претрпе Вашата земја и пријателскиот американски народ“, стои во писмото.

11 години по терористичките напади, слободниот свет, одбивајќи да живее во страв од злото на денешницата, создаде единствен фронт во борбата против меѓународниот тероризам, вели Иванов.

„Врз благородната мисија за заштита на слободата, демократијата и човековите права, како споделени вредности, се темели и постојано унапредува стратешкото партнерство на Република Македонија со Соединетите Американски Држави, посочува македонскиот претседател. Република Македонија, како верен и докажан пријател и партнер на САД ќе продолжи да ги поддржува американските напори за одбрана на слободата, демократијата и човековите права во светот“, стои во писмото.

Би можело да ве интересира

Маж избоде шест лица на железничка станица во Њујорк

Иран објави крај на нападите врз Израел по барањето на Трамп

Горан Наумовски

Хакаби: Иран и неговите агенти сакаат да нè уништат

Европската неодлучност ги принудува САД да ја преиспитаат улогата во БиХ

Пентагон го откажува планот за испраќање ракети „Томахавк“ во Германија

Песков: Односите меѓу Русија и САД не одат наназад