Аднан Јашари ја презеде функцијата министер за правда

Од:

Новоизбраниот министер за правда Аднан Јашари денеска и официјално ја презеде функцијата од досегашниот министер Блерим Беџети.

Главни приоритети на министерот Јашари во извршувањето на својот мандат ќе биде продолжување на започнатите реформи во правосудниот систем на Република Македонија во насока на создавање ефикасен, транспарентен и независен правен систем.

– Како министер за правда ќе продолжам со започнатите реформи, чија цел е усогласување на нашиот законодавен систем со препораките на Советот на Европа, на ГРЕКО и на многу меѓународни стандарди, истакна Јашари.

Досегашниот министер за правда Беџети го информирал министерот Јашари за преземените активности од Министерството за правда во  хармонизирањето на македонското законодавство со легислативата на Европската унија.

– Го информирав Јашари за активностите кои во иднина треба да се реализираат и кои се клучни за патот на Република Македонија кон Европската унија, рече Беџети.

Тие реформски активности, како што посочи Беџети, се корисни за граѓаните, за државата и за институциите кон стратешката определба на Македонија за поскоро членство во ЕУ и НАТО.

Блерим Беџети функцијата министер за правда во Владата на Република Македонија ја извршуваше од 28 јули 2011 година.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски