Мундијалот го нарушува сексуалниот живот

Од:

Жените треба да имаат разбирање за тоа дека нивните партнери не можат да им посветат доволно внимание за време на Светското фудбалско првенство. А, тоа важи и кога е во прашање сексот.

Како што објави „Дејли Меил“, дури 40 отсто мажи ќе одбијат каква било  сексуална активност за време на траење на важни натпревари.

Тоа го покажа истражувањето спроведено меѓу 2.000 Британци.

Уште попоразителна е бројката од 42 отсто од анкетираните, кои ќе се потрудат сексот со партнерката да биде што побрз, за да можат на мир да продолжат да гледаат натпревар.

Дури 37 отсто од мажите ќе се согласат на секс, но со вклучен телевизор, за да можат да следат што се случува на теренот, а 27 проценти признале дека за време на секс мислите ќе им одлетаат на настаните во Бразил.

Освен фудбалот, кој е број еден, мажите имаат уште некои причини поради кои одбиваат секс: болка во грбот, замор, главоболка, работел до доцна или треба да работи, испил некоја чашка повеќе, нема волја, не се чувствува добро, утре мора рано да стане…

Се чини дека жените не се единствени кои ги избегнуваат брачните должности.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска