Репрезентацијата на Уругвај оствари важна победа во борбата за пласман во осминафиналето откако синоќа ја совлада Англија со 2:1, а стрелец на двата гола беше повратникот во репрезентацијата Луис Суарез. Напаѓачот на Уругвај пред почетокот на Светското првенство имаше операција на коленото и од таа причина го пропушти првиот натпревар со Костарика. Суарез головите ги постигна во 39.та минута и 85.та минута, додека Вејн Руни за Англија изедначи во 75.минута.
За Англија остануваат само теоретските шанси за пласман во осминафиналето по двата пораза.
Вториот натпревар од 2.коло од Д групата се игра денеска, а тоа е дуелот меѓу Италија и Костарика. Италија, Уругвај и Костарика имаат по 3 бодови.
Јапонија и Грција одиграа без голови 0:0, а Јапонија не ја искористи предноста од играч повеќе откако во 41.та минута беше исклучен Константинос Кацуранис.
Од Ц групата Колумбија победи со 2:1 против Брегот на Слоновата коска. Со оваа победа Колумбија со 6 бодови обезбеди пласман во осминафиналето, додека Брегот на Слоновата коска има 3, а Јапонија и Грција по 1 бод.
Денеска се играат уште два натпревара Е групата: Швајцарија – Франција и Хондурас – Еквадор.