Популарната пејачка, Мускан Гулмар (38) била убиена во северозападниот пакистански град Пешевар, а тоа е последниот во низата напади на жени кои се занимаваат со некој вид на уметност, соопштила денес пакистанската полиција.
Гулмар, позната под уметничкото име Мускан, била застрелана од четири вооружени мажи вчера во нејзиниот дом, а од здобиените рани починала во болница, пренесуваат агенциите.
„Таа три пати се мажеше и имаше некои лични непријателства”, навела полицијата.
Нападите на пејачките се чести во конзервативната пакистанска провинција Кибер-Пактунква, каде што многу луѓе сметаат дека занимавањето со уметност не е во склад со исламот.