(ВИДЕО) Заев: Ако Груевски сакаше да докаже невиност нека бараше отштета од 1 евро

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се појави во судница по тужбата на премиерот Никола Груевски за навреда и клевета која тежи 500.000 евра, а е за пресконференциите на кои лидерот на СДСМ го обвини премиерот дека посредувал за продажбата на Македонска Банка за провизија од 1.500.000 евра.

Заев очекува дека преку овој случај, судството во земјава ставено е на испит дали е независно како што тврди власта и дали функционира во пракса правната држава. Не сакаше да го коментира епилогот ниту судскиот процес.

Заев го искоментира и не појавувањето на Груевски во судница. Рече дека не е обврзувавчки но е етички тој на следното рочиште да се појави

Минатата година претседателот на НСДП, Тито Петковски го изгуби спорот со Никола Груевски и за навреда и клевета судот пресуди дека на премиерот треба да му плати 10.000 евра.

„Во делот на оштетата, ако интенцијата на премиерот е да докаже нешто требало да побара едно евро. Зошто бара 500.000 евра вие новинарите проценете но и јавноста. И малите деца знаат чиј е гласот на снимката и кој тоа договарал за продажбата на Македонска банка“, рече Зоран Заев.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација