Израел стравува од евентуалното зближување меѓу САД и Иран поради конфликтот во Ирак, бидејќи тоа може да доведе до намалување на притисокот врз Техеран во однос на неговата нуклеарна програма, изјавија високи американски претставници, јави БТА.
– Доколку Вашингтон има потреба од помошта на Техеран за да се справи со кризата во Ирак, САД ќе бидат обврзани да покажат поголема флексибилност во тековните преговори за иранската нуклеарна програма, истакнаа истите извори.
– Се наоѓаме во ситуација во која за да се справиме со заканите на глобалниот џихадизам мора да сметаме на Иран и на неговите сојузници, изјави израелскиот министер за туризам Узи Ландау.