СП 2014: Касиљас бара прошка од навивачите

Од:

Првиот голман на шпанската репрезентација Икер Касиљас разочаран од елиминацијата побара прошка од навивачите на „Црвената фурија“.

– Кога на Светско првенство ќе ги изгубите првите два натпревара, тогаш се е јасно. Бараме прошка од навивачите. Се обидовме повторно да ги направиме среќни, но не успеавме. Многу ни е тешко поради тоа. Сите сме разочарани, истакна Касиљас.

Тој по синоќешниот пораз од Чиле рече дека се уште не знае дали ќе си замине од репрезентацијата.

– Дали е ова мојот последен репрезентативен настап? Не знам, ќе видиме. Овој состав не заслужува ваков крај. Сега мораме да ја победиме Австралија, а честитки за Чиле кој заслужено оди во следната фаза. Тоа е фудбалот. Некогаш се победува, ама и се губи, додаде Касиљас.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска