Репрезентацијата на Холандија е првата која на Светското првенство оствари две победи. Попладнево Холандија ја победи Австралија со 3:2 во првиот натпревар од 2. коло од Б групата.
Резултатот го отвори Ариен Робен во 20. минута за водство на „лалињата“ од 1:0, но веќе во следната минута Австралија изедначи на 1:1 со прекрасниот гол на Тим Кејхил. Во вториот дел Австралија поведе со 2:1 откако капитенот Миле Јединак беше прецизен од „белата точка“ во 54. минута. Но и ова водство не траеше долго бидејќи Робин Ван Перси изедначи на 2:2 во 58. минута. Ново водство од 3:2 за Холандија донесе Мемфис Дипеј во 68.минута што се покажа и конечен резултат.
Во рамките на Б групата вечерва од 21 часот играат Шпанија и Чиле.
Холандија е прва во групата со 6 бодови, Чиле има 3, Шпанија и Австралија се без бод.
Во полноќниот термин ќе се одигра и вториот натпревар од групата А меѓу Камерун и Хрватска.