Фудбалската лудница во Бразил целосно ја исцрпи популарната хрватска пејачка Северина.
Klix.ba пишува дека на пејачката и се слошило на аеродромот во Рио де Женеиро при враќањето во Хрватска. Веднаш и била пружена лекарска помош, а поради преморот завршила и на инфузија.
Очевидци кои ја виделе на аеродромот велат дека изгледала лошо и исцрпено. По примената инфузијата Севе се чуствувала подобро и била пуштена од болница.
– Северина е прекрасна личност, многу пријатна и забавна. На нашите навивачи им даде голема поддршка, а се фотографираше и со репрезентацијата на БиХ. Се надеваме дека ќе оздрави што побрзо, изјави за Klix.ba еден босански навивач.