СДСМ: ДУИ и Груевски глумеа конфликт, а потоа ги аминуваа криминалните избори

Од:

„Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го уништи и меѓународниот углед и достоинството на сите нејзини граѓани.

Шестгодишната  коалицијата  помеѓу ВМРО ДПМНЕ и  ДУИ е со катастрофални последици за Република Македонија. Државата е целосно уназадена, оддалечена и од ЕУ и од НАТО, економски опустошена.

Претставниците на ДУИ, оправдувањето за своите вазалски политики и конфузни постапки во интерес на Никола Груевски, безуспешно го бараат во напади насочени кон опозицијата.

ДУИ е партијата што заедно со Никола Груевски глумеше конфликт за распишување, а потоа и ги аминуваше криминалните избори и системскиот грабеж за фалсификување на волјата на граѓаните.

Само еден ден пред официјализирање на новата Влада со ВМРО-ДПМНЕ, чиешто формирање го критикуваше и самата, Ермира Мехмети од ДУИ сака да зборува за угледот на државата.

Бидејќи Мехмети е член на собраниската Делегација во Советот на Европа нека одговори со кој образ ќе оди во Брисел и како ќе го објасни фактот дека во Македонија се спроведуваат криминални избори и владее режим“, се вели во писмената реакција на СДСМ на изјавата на Ермира Мехмети од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото