(ВИДЕО) Жерновски: Секој обид за барокни измени на ГТЦ ќе биде санкциониран од наша инспекција

Од:

– Секој обид да се влезе во Градскиот Трговски Центар ќе биде најостро санкциониран од нашата инспекција – изјави градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, по најавите по пишувањата во медиумите дека ГТЦ се подготвува за стилизирање со куполи и антички столбови, а градежните работи ќе започнеле наесен.

– Во врска со ГТЦ, се уште само директорот Аго Абазовски дава изјави, а од владата нема никаков одговор. Деновиве ќе излеземе со конкретни податоци со тоа до каде тече работата. Присуството на седницата на Мирослав Шиповиќ ни дава елан да продолжиме напред онака како што гласаа граѓаните на локалните избори во Центар – изјави Жерновски.

Инцијативата за спорните ДУП-ови е по предлог на советниците. Проектот Скопје 2014та е стопиран и веќе не може да се поставуваат нови објекти.

– Додека сум јас градоначалник и оваа коалиција има мнозинство во Советот, нема да дозволиме поставување на нови објекти од Скопје 2014 – та. Гледаме дека сега се поставуваат споменици во друга општина во Скопје. Што се однесува до фасадите – ингеренцијата и’ е одземена на општината со измените во Законот за градење. Поднесовме иницијатива до Уставен Суд на РМ, но од таму до овој момент нема ништо. Претходното раководство изгласа и одобри поставување на новата фонтана на плоштадот Македонија –  изјави Жерновски.

Што се однесува до дислоцирање на спомениците мора да се спроведе референдум некаде наесен, но претходно најави Жерновски, ќе се испита јавното мислење на граѓаните во Центар.

– Во Македонија немаме искуство со референдуми, нешто што е сосема нормално во западните земји. Таму граѓаните се прашуваат и одлучуваат за се’. Граѓаните на Центар не беа прашани дали сакаат споменици во Центар, но сега ќе ги прашаме што сакаат да правиме понатаму со спомениците. Се надевам централната власт нема да не’ опструира – изјави тој.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски