НБА ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант со интерес ги следи натпреварите на Мундијалот, а негова желба е во финалето да играат домаќинот Бразил и Аргентина.
– Бразилците се многу силни и тешко е да се игра против нив, особено на нивни терен. Би било убаво во финалето да се сретнат со Аргентина. И Германија е силна репрезентација која може да се вклучи во борбата за трофејот, изјави Брајант.
Тој додаде дека многу го сака фудбалот и дека е задоволен што САД се присутни на Светското првенство.
– Имавме тешка жрепка. Верувам во квалитетите на нашите фудбалери. Фудбалот во САД станува се популарен и тука во Бразил има многу навивачи кои сакаат во живо да ги бодрат американските фудбалери, истакна познатиот кошаркар.
Брајант од својата шеста до 14.та година живеел во Италија и таму многу играл фудбал, а афинитетите кон најважната споредна работа на светот кај него останале па често знае да одигара некој натпревар. Тој вели дека се труди де е присутен колку што е можно повеќе на трибините кога се играат квалитетни фудбалски натпревари.