(ВИДЕО) Протест пред Основен суд: „Пресудата за Монструм е по диктат“

Од:

Група од 20-тина луѓе се собраа пред Основниот суд 1 – Скопје каде денеска требаше да биде донесена пресудата за седуммината обвинети во случајот „Монструм“, а која е одложена за 30. јуни. Тие одржаа мирен протест со транспаренти на кои пишуваше „Пресуда по диктат“, „Гешковска – Нострадамус“, „Владеењето на правото е еднакво на нула“.

Според Бедри Ајдари, роднина на обвинетиот Фејди Азири во случајот „Монструм“, обвинение воопшто и не треба да има.

– Како што успеав да прочитам на транспарентите, пресудата е по диктат и е донесена на 1 Мај 2012-та година. Според мене и многу релевантни правници, воопшто не би требало да има обвинение. Меѓутоа, некои работи идат со сила, а онаму каде што има сила – нема правдина – изјави Ајдари.

Судењето за масакрот кај Смиљковското езеро започна на 20. декемри по неколкумесечна истрага и подготовка на обвинителниот акт.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски